Македонија

Приведени две лица во Штип, превезувале огревни дрва без документи

На регионалниот пат кон езерото Мантово, штипско, вчера полициски службеници од СВР Штип ги лишиле од слобода Ј.Д.(18) и А.Д.(47) од Неготино, затоа што со товарно возило „застава“ превезувале огревно дрво без потребните документи, за кое постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело „кражба“.

Дрвата, возилото и моторна пила, информираа денеска од МВР, биле одземени и предадени на Шумската полиција.

По целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ивана Петковска, Коалицијата „Сите за правично судење“ 17.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни