Breaking Малолетниот напаѓач од Белград претходно бил уапсен во Германија поради сомнение за планирање терористички напад
Свет

„Дејли експрес“: Борис Џонсон планира да ја посети Украина

„Дејли експрес“: Борис Џонсон планира да ја посети Украина

Британскиот премиер во заминување Борис Џонсон планира пред да ја напушти функцијата да ја посети Украина, пишува денешен лондонски „Дејли експрес“ повикувајќи се на свои извори.

„Џонсон чувствува товар на одговорност затоа што беше најголем поддржувач на претседателот Зеленски. Тој не може едноставно да си замине без да се погрижи дека светот ќе му го чува грбот. Тој се надева дека повторно ќе го види Зеленски пред да ја напушти функцијата“, изјавил неименуваниот извор за весникот.

Во јуни Џонсон најави уште еден пакет британска воена помош за Украина во износ од 1,2 милијарди долари.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио за изборите во Србија и Бугарија со Синиша Пекевски, Игор Бесермењи и Румен Скрински

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни