Македонија

Полицијата го привела Габриел Бајрам – не се јавувал на распит за кражбата на струја во ГТЦ

Неодамнешниот скандал со „копањето“ на криптовалути во еден од магацините во Градскиот Трговски Центар го однесе Габриел Бајрам на распит во полиција.

Имено, Бајрам подолг временски период одбивал покани за службен разговор со инспекторите на МВР, па затоа на крајот од минатиот месец, истиот бил приведен.

Според сознанијата, за него била распишала и потерница.

Инаку, пред два месеци, ГТЦ го раскина договорот со Бајрам за магацинските простории, но, според информациите, тој се уште не ги вратил клучевите.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ивана Петковска, Коалицијата „Сите за правично судење“ 17.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни