Македонија

ЦУК со информација: Еве каде има пожари

Центарот за управување со кризи информира каде има активни пожари низ Македонија:

РЦУК Струмица известува за шумски пожар помеѓу с.Владиевци и с.Трибичино.

Гори нискостеблеста мешовита шума на непристапен терен. На терен се 4 лица од ПШС Беласица Струмица и 1 пожарникар од ТППЕ Струмица со теренско возило Лада Нива. Пожарот започнал во 13.30 часот

Од ОЦ на ГШ информираат дека од 16.30 часот се вклучил и хелихоптер во гасењето на пожарот на Криволак во месноста Орлов Баир.

Опожарена е и сува трева и нискостеблеста шума во атарот на с. Миладиновци, а во моментов БППЗ интервенира со 3 противпожарни возила и 8 пожарникари.

Пожарот е од 14,45часот и се уште е активен

Пожар има и на отворен простор помеѓу селата Голзинци и Лисиче-општина Чашка.

По извршениот увид од страна на ШС Бабуна, пожарот зафаќа поголема површина, а и со оглед на временските услови, односно појава на ветер, да не дојде до уште поголемо проширување побарано е ангажирање на дополнителни ресурси.

На пат упатени се екипи на ЈКП Тополка-општина Чашка и екипа на ТППЕ Велес (5 пожарникари со 1 ПП возило.)

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни