На владина седница денеска е донесена одлука за испраќање на припадници на Армијата во Германија.
Одлуката е по предлог на Министерството за одбрана, а ќе се испратат вкупно 134-ца припадници на Армијата на Република Северна Македонија.
Тие ќе имаат учество на вежбата „SABER JUNCTION 22“, којашто ќе се одржи во Сојузна Република Германија, во период од 28 август до 21 септември 2022 година.