Македонија

ВМРО ДПМНЕ: Владата го крати бројот на часови на македонски јазик

ВМРО ДПМНЕ: Владата го крати бројот на часови на македонски јазик

Весна Јаневска од ВМРО-ДПМНЕ го обвини СДСМ дека заедно со ДУИ преку новиот план за основно образование го кратат фондот за настава по македонски јазик во основното образование.

„Сега на сите им е јасно зошто мораше да се прифати и спроведе ваков контроверзен концепт. Владата на СДСМ и ДУИ прави силни напори да ја придобие Бугарија и презема дејствија кои, секако, им штетат на Македонците и на македонскиот идентитет. Премиерот Ковачевски, како Македонец со конкретен идентитет, чувствува ли некаква загриженост и болка што идните генерации, покрај тоа што ќе треба да изучуваат искривена и неточна историја напишана во учебници според бугарските стандарди, ќе имаат уште помалку часови да им посветат нивниот мајчин јазик“, вели Весна Јаневска.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни