Македонија

ДРАМА: Дрвокрадец скокнал од возилото во движење додека го бркала шумска полиција

ДРАМА: Дрвокрадец скокнал од возилото во движење додека го бркала шумска полиција

На 24-ти овој месец, дрвокрадец скокнал во возење од камионот кај Дупјачани, додека го бркала шумската полиција и избегал, а додека возилото без возач завршило во блискиот дол, пишува Инфокомпас.

Се претпоставува дека дрвокрадецот претходно растоварал диво исечени дрва во селото Мажучиште, а додека кога бил затекнат на излезот од Мажучиште кон Дупјачани, во камионот имал околу 2 метри кубни дрва.

Не застанал на знакот на полицијата по што започнала бркотницата.

Дрвокрадецот кај Забрчани завртил десно над селото и потоа избегал. Возилото било многу оштетено и не било во возна состојба. Потребни биле неколку часови тоа да се извлече од долот и со шлеп служба да се транспортира до „Црн Бор“.

Од шумската полиција велат дека сторителот им е познат и дека против него ќе биде поднесена кривична пријава.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни