Македонија

Гром пеплоса четири куќи во Прилеп

Гром пеплоса четири куќи во Прилеп

Во вчерашното невреме во Прилеп гром удрил во една куќа и предизвикал пожар, кој потоа се проширил и на соседните три куќи, објави Фокус.

Пожарот се случил на улица Козара околу полноќ, а четирите куќи целосно изгореле.

ТППЕ Прилеп веднаш интервенирала со 4 возила и 17 пожарникари и го гаснела огнот до три часот по полноќ, кога и бил изгаснат. Нема повредени лица.

 

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ивана Петковска, Коалицијата „Сите за правично судење“ 17.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни