Македонија

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ побегна и од пратеничките прашања

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ побегна и од пратеничките прашања

Од СДСМ денеска преку соопштение велат дека пратениците на ВМРО-ДПМНЕ денеска избегале и од пратенички прашања.

„Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ денеска избегаа од салата од собраниската седница наменета за пратенички прашања.

По којзнае кој пат пратениците на ВМРО-ДПМНЕ доаѓаат во Собранието, се потпишуваат за присуство и дневници, добиваат патни трошоци а потоа седат надвор од пленарната сала.

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ по инструкции од Христијан Мицкоски избегаа од салата и кога се гласаа Заклучоците со кои започнавме преговори со ЕУ на чист македонски јазик, претходно бегаа кога се гласаше Буџетот, бегаа кога требаше да се гласаат интерпелации кои самите тие ги поднесуваа, бегаа и кога се носеа важни закони за вакцинација, за мерки за граѓаните.

Очигледно од ВМРО-ДПМНЕ се гласни само кога треба да се навредува, да се лажат граѓаните и кога треба да се бранат криминалците од белиот дворец.

Секогаш кога се во прашање интересите на граѓаните и државата тие бегаат и се ставаат на погрешната страна од државните интереси, на погрешната страна на историјата“, велат од СДСМ.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни