Македонија

Билатералниот проблем со Бугарија е предизвикан од наша страна, вели Попоски

Билатералниот проблем со Бугарија е предизвикан од наша страна, вели Попоски

Поранешниот министер за надворешни работи, Никола Попоски, во гостување во летното издание на „ClickPlus“ на ТВ21 смета дека билатералниот проблем со Бугарија е предизвикан од наша страна.

„Не е случајно што до 2017 година не беше потпишан тој билатерален договор. Договорот кој го потпишавме отвори врата за понатаму да се прошируваат тие барања и да влезат во европската рамка“, вели Попоски.

Тој вели дека ниту една земја-членка на ЕУ не би прифатила ваков протокол.

„Што сте прифатиле вие билатерално, терајте. Значи нивниот пристап е тој и реално не може да им се лутиме. А, нашиот пристап во тоа време било ако ние потпишеме договор во кој Бугарија се уште ни го спори јазикот, Бугарија се уште не вика дека има македонски народ, а не го негира фактот дека има бугарски народ. Бугарија не прифаќа да имаме ист третман на заедниците во двете земји, Бугарија не вика дајте да ја толкуваме историјата и во Бугарија да видиме што се случувало во минатото, не вика, ние ќе ви покажеме како треба да го направите тоа“, рече поранешниот министер за надворешни работи, Никола Попоски.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни