Македонија

На ГП „Табановце“ се чека околу 60 минути, на „Богородица“ околу 40 минути

Попладнево на граничниот премин „Табановце“ се чека околу еден час за влез во земјава, а времето на чекање на граничниот премин „Богородица“ и за влез и за излез од Македонија е околу 40 минути, информираат од Автомото сојузот на Македонија (АМСМ).

„На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата“, додаваат од АМСМ.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ивана Петковска, Коалицијата „Сите за правично судење“ 17.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни