Балкан

Премиерот на Шпанија пристигна во посета на Босна и Херцеговина

Премиерот на Шпанија пристигна во посета на Босна и Херцеговина

Премиерот на Шпанија Педро Санчез денеска пристигна во официјална посета на Босна и Херцеговина.

На аеродромот во Сараево го пречека министерката за надворешни работи на БиХ Бисера Турковиќ.

– Му посакав добредојде, истакнувајќи ја важноста од зајакнување на односите меѓу БиХ и Шпанија. Очекуваме успешна посета и континуирана добра соработка, напиша Турковиќ на Твитер.

Премиерот на Шпанија денеска пристигна во посета на Босна и Херцеговина, во рамки на турнејата низ Западен Балкан.

Најавено е дека во Сараево ќе се сретне со членовите на Претседателството на БиХ, а потоа ќе има средби и со претставници на државниот парламент и градските власти.

Во попладневните часови Санчез треба да отпатува за Мостар.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ивана Петковска, Коалицијата „Сите за правично судење“ 17.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни