Македонија

Честитка по повод Илинден од кумановскиот градоначалник Димитриевски

Честитка по повод Илинден од кумановскиот градоначалник Димитриевски

Градоначалникот на Куманово Максим Димитриевски им го честита на граѓаните нашиот најголем празник Илинден со порака да го почитуваме и празнуваме овој голем македонски празник, да ја славиме македонската историја, да се грижиме за нашите граѓани да имаат

подобар живот, да им овозможиме на младите поголеми шанси за напредок и да вложуваме во нивната иднина бидејќи само на тој начин ќе можеме да кажеме дека сме успеале.

– Нека ни е честит најголемиот македонски празник Денот на Републиката – Илинден! Денешниот ден, 2 Август е силен потсетник за поставувањето на темелите на современата македонска држава, но и за почит кон сите оние што се бореле за Македонија, со своите дела, подвизи, трајно вградувајќи се во

државноста. Илинден е светол македонски празник и како никогаш досега важно е да ја знаеме и почитуваме својата македонска историја. На 2 Август во 1903 започнало Илинденското востание, а во 1944 година е одржано првото заседание на АСНОМ. Денеска, нашата задача, обврска и аманет е сите

заеднички да продолжиме по тој пат – да ја чуваме и да ја развиваме слободна и самостојна Македонија, кон патот на Европската Унија, но искучиво како горди Македонци, со своја македонска историја, македонски јазик и македонски идентитет, се навдува во честитката од кумановскиот градоначалник.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни