Македонија

58-годишен маж од тетовска Вратница починал откако со четирицикл излетал од патот

На 02.08.2022 во 21.45 часот во СВР Тетово било пријавено дека на локален пат Беловиште-Вратница, во тетовска Вратница, четирицикл без регистарски ознаки, управуван од Н.С.(58) од Вратница, излетал од патот.

На местото на несреќата починал возачот, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош.

Увид на местото извршиле увидна екипа од СВР Тетово и Јавен обвинител, по чија наредба телото на починатиот било предадено за обдукција.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни