Кавадаречките општинари вратиле паднат штрк во гнездото.
Веста ја објави градоначалникот на Општина Кавадарци, Митко Јанчев.
„По пријава од граѓани дека штрк паднал од своето гнездо и не успеал сам да се врати, службите од осветлување и Мој Општинар денеска имаа благородна работа, го вратија во своето гнездо“, напиша Јанчев.