Уставните измени нема да се случат, а ВМРО-ДПМНЕ е браникот за тоа. Референдум треба да има и ќе има. Ова го изјави портпаролот на опозициската партија Димче Арсовски.
Сепак, Арсовски немаше конкретен одговор на прашањето какво ќе биде референдумското прашање. Пред неколку дена Мицкоски изјави дека на иста линија се со Пендаровски, кој имаше предлог прашањето да гласи „Дали сте за ЕУ под вакви услови“.
Но, откако Пендаровски ретерираше, ВМРО-ДПМНЕ сега го критикува првиот човек на државата и велат дека консултациите за формата на прашањето се уште траат.
„Внатрепартиските консултации се уште траат. Како што реков и претходно, веднаш штом се донесе одлука ќе излеземе и ќе ја презентираме. Она што нас не загрижува како политичка партија е недоветното однесување на претседателот на државата Стево Пендаровски, кој што најпривин самиот јавно изјави дека е потребен референдум за ова прашање, дури потоа откако најверојатно му извршиле притисок или му ги истегнале ушите овие од, власта, од СДСМ, ретерираше по тоа прашање дека не треба да има референдум. Јасно е, треба да има референдум и тој референдм треба да се случи“, посочи Димче Арсовски.