Во единствениот Избирачки список за општина Центар Жупа, каде на 20 месецов ќе се спроведе второ повторено гласање за градоначалник, запишани се 7.154 лица со право на глас.
Споредено со предвремените избори што се одржаа на 15 април во списокот се 77 гласачи повеќе додека пак споредено со редовните локални избори на 17 октомври минатата година има 163 гласачи помалку.
-На гласачкото ливче има само еден кандидат, а тоа е Аријан Ибраим, од Турската демократска партија. Неговата кандидатура беше единствена. За да се избере градоначалник на изборите треба гласат 2.385 лица или 33,33 отсто од вкупно запишаните. Ќе се гласа, како и до сега, на 16 избирачки места, изјави за МИА, Неџип Илјаз, претседател на Општинската изборна комисија.
Додаде дека како комисија ги преземаат сите потребни активности за нормален изборен процес.
Изборот за градоначалник се повторува бидејќи во двата изборни циклуса не беше обезбеден потребниот цензус на излезност од 1/3 од вкупно запишаните гласачи, во октомври гласаа 25,77 додека во април 29,97 отсто.
За Ибраим, кој довербата на граѓаните ја бара по третпат, во октомври гласаа 1.342 додека во април 1887 лица од вкупно запишаните. Тогаш негов противкандидат беше Шаин Шаќир од партијата Движење за национално единство на Турците, кој освои 482 односно 169 гласови.
Поради масовното присуство на иселениците, кои во роднот кр го минуваат летниот одмор се очекува излезноста да биде поголема.