Македонија

Димитриевски: Во секоја држава има криминал, во Македонија криминалците имаат држава

„Во секоја држава има криминал, но можеби Македонија е една од ретките држави каде криминалците имаат држава затоа што политиката стана најпрофитабилниот бизнис“, вели градоначалникот на општина Куманово, Максим Димитриевски во денешното летно издание „Click21“ на ТВ21.

Според него, надлежните треба да стават крај на криминалот кој што масовно се развива.

„Се менуваат политичките елити, си играат пинг понг со народот, си го префрлаат топчето од избори на избори, не се менува ништо, едниствено разликата е што најголем дел од тие што ќе дојдат на позиција енормно се збогатуваат“, вели Димитриевски.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни