Македонија

Пожарот во Прешево видлив и во Куманово

Пожарот во Прешево видлив и во Куманово

Пожарот што попладнево избувна во околината на Прешево во соседна Србија е видлив и во Куманово.

Според пишувањата на српските медиуми, опожарени се 50 хектари борова шума. Српските медиуми јавија дека е прогласена вонредна состојба на таа територија. Во гаснењето на пожарот учествуваат противпожарни екипи и дел од месното население. Од Службата за вонредни ситуации во општина Прешево за РТС изјавиле дека нема опасност по населението.

Ноќно студио

Најнова епизода

Што се случува со „Алта банка“? Ноќно студио со Кирил Миноски

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни