Македонија

Струмица по втор пат имаше градоначалник на еден ден

Струмица по втор пат имаше градоначалник на еден ден

Средношколката Ангела Витанова денеска беше градоначалник на еден ден на Општина Струмица во рамки на истоимениот проект на локалната самоуправа со „Европската куќа“.

Ова на социјалните мрежи го објави градоначалникот на општина Струмица, Костадин Костадинов.

„Транспарентна, отчетна и голем пријател на младите, таква е мојата и нашата Општина. Денеска по втор пат ги отворив вратите од мојот кабинет во рамките на заедничкиот проект со Europe House Strumica „Градоначалник на еден ден“. Добредојде и посакав на средношколката Ангела Витанова со која заедно ја реализираме мојата денешна агенда. Младите во Струмица не се само неми набљудувачи, туку активни учесници во општинските политики и креатори на сегашниот и идниот развој на нашата Струмица. Силата на Струмица е во младите!“, вели Костадинов.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни