Македонија

30.000 работници од Македонија и Албанија заминуваат во Србија

30.000 работници од Македонија и Албанија заминуваат во Србија

Наскоро, граѓаните на Србија, Македонија и Албанија ќе можат да се вработат во овие земји со идентификационите броеви на „Отворен Балкан-ИД“ без дополнителни административни бариери.

Околу 30.000 занаетчии, лекари, медицински сестри и техничари од Македонија и Албанија од септември ќе дојдат на работа во Србија без никакви дополнителни документи, работни визи и посебни дозволи.

Предвидено е граѓанинот кој сака да се вработи во една од овие три земји, да ги внесе своите податоци преку порталот е-Управа и на тој начин да го добие идентификацискиот број на иницијативата „Отворен Балкан“.

Просечната плата во Србија изнесува 631 евро.

Македонската влада, тврди дека токму тоа е целта со оваа иницијатива и додаваат дека и во нашата земја ќе доаѓаат работници од Србија и Албанија, особено во дефицитарните области.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни