Македонија

СДСМ: За 5 години ги тргнавме сите пречки – „Ги реализиравме двете најголеми стратешки цели: ЕУ и НАТО“

СДСМ: За 5 години ги тргнавме сите пречки – „Ги реализиравме двете најголеми стратешки цели: ЕУ и НАТО“

Социјал демократскиот сојуз на Македонија преку прес конференција рекоа дека паднаа во вода како што велат тие невистините и конструкциите на ВМРО-ДПМНЕ за асимилација и бугаризација на Македонија.

Портпаролот Дарко Каевски вели дека за 5 години СДСМ ги тргнала сите пречки и ги реализирала двете најголеми стратешки цели, ЕУ и НАТО.

Не е првпат ВМРО-ДПМНЕ да лаже кога станува збор за државните и националните интереси. Оваа партија предводена од Мицкоски има проблем секогаш кога државата бележи напредок во евроинтеграциите. За разлика од таквото нивно однесување, СДСМ продолжува со одговорни политики, политики кои го штитат македонскиот јазик и идентитет и кои обезбедуваат напредок во интеграцијата на државата во ЕУ“, вели Дарко Каевски.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни