Свет

Катастрофални поплави во Австралија, илјадници луѓе се евакуирани (ВИДЕО)

Големи поплави зафатија делови од Австралија. Државата Куинсленд ја повика армијата на помош, откако илјадници луѓе беа принудно евакуирани, а градот Таунсвил во Квинсленд е речиси комплетно потопен со регистрирани 1.000 мм врнежи за една недела, 20 пати над нормалата.

Властите предупредија дека на нови 20 000 домови им се заканува поплавување, и дека врнежите нема да престанат барем уште два дена. Дополнителен проблем создава преполната брана во близина на Таунсвил. Како мерка на претпазливост се испуштаат 2000 тони вода во секунда.


Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни