Младо момче на возраст од 22 години почина во тешка сообраќајна несреќа во Струмица.
Во Полициската станица Струмица во 01.55 часот по полноќ е пријавено дека на регионален пат Р 1403, делница помеѓу селата Добрејци и Василево, струмичко, се случила сообраќајна несреќа во која Д.Р. (22) од Струмица, управувајќи автомобил „бмв“ со струмички регистерски ознаки, изгубил контрола над возилото и излетал надвор од патот. Во несреќата возачот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Медицински центар Струмица, а увид на местото извршила екипа на Полициска станица Струмица.
Неговите пријатели на социјалните мрежи денеска објавуваат дека Д.Р. (22) им подлегнал на повредите, пишува Струмица денес.