Македонија

Груби: Нема никакви нови барања од Софија

Нема нови, барања, никакви нови документи и други нови очекувања освен постигнатото во добрососедскиот договор и договорот што министерот за надворешни работи Бујар Османи го потпиша неодамна во Софија. Ова го истакна првиот потпретседател на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби, одговарајќи на новинарско прашање околу новите барања кои според опозицијата биле испорачани од Република Бугарија.

-Останува истото што ѝ беше објаснето на јавноста и она што беше усвоено од Собранието на Северна Македонија. Граѓаните мора да бидат убедени и да ѝ веруваат на политичката елита во земјава дека ништо лошо нема да им се случи на моите сограѓани Македонци по однос на нивниот јазик, историја, култура и идентитет. Тоа нема да го дозволиме. Апсолутно тврдам, нема нови барања, ниту некакви нови документи, нагласи Груби во одговорот на новинарското прашање во врска со меѓудржавните односи меѓу РС Македонија и Бугарија по завршувањето на пригодната свеченост за завршување на Школата за млади лидери што се одржа во Леуново.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ивана Петковска, Коалицијата „Сите за правично судење“ 17.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни