Денешниот настан во Цетиње е трагедија каква Црна Гора не памети, изјави премиерот Дритан Абазовиќ.
– Ги повикувам сите граѓани на Црна Гора да бидат со семејствата на невините жртви, нивните роднини, пријатели и сите граѓани на главниот град Цетиње – рече Абазовиќ на Телеграм.
Според неофицијални информации, премиерот и министрите ќе ги посетат ранетите кои се хоспитализирани во КЦЦГ и во болницата во Цетиње.
Потсетуваме, во престрелката што се случи денеска во Цетиње, кога В.Б. (34) отвори оган врз сограѓани, според последните информации загинаа најмалку 11 лица, меѓу кои и деца.