Македонија

Максим Димитриевски: Во тек се разговори и консултации за новата политичка партија

Градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски посочи дека граѓанската иницијатива “За Наше Куманово” започнала со организација за време локалните избори во Куманово, на кои учествувала со своја понуда и програма, и ги освоила симпатиите на граѓаните по што убедливо победила.

„Пред неколку месеци и официјално оваа здружение на граѓани е регистрирано со сите органи и тела на локално ниво и е исклучиво насочено кон реализација на ветените проекти кои се од витален интерес за граѓаните на општина Куманово.

Јас досега неколку пати кажав дека постои иницијатива од повеќе општини во Македонија оваа локално здружение да прерасне во републичко, со крајна цел да учествува на следните парламентарни избори како реално граѓанско политичко движење од граѓаните за граѓаните“, вели Димитриевски.

Според него, во тек се консултации со истакнати личности од општествениот живот, експерти, интелектуалци, стопанственици, лекари, уметници, студенти, пензионери, земјоделци, работници, општественици и други кои сакаат да дадат свој допринос во формирањето на граѓанското движење.

„Кога ќе се формира, кое ќе биде името на здружението и дали ќе прерасне во нов политички субјект засега не би коментарал, шпекулирал или прогнозирал. Кога ќе се донесе одлуката јавноста ќе биде навреме информирана.

Што се однесува за вклучувањето на поранешниот претседател на РМ г-дин Бранко Црвенковски, кој особено го почитувам до овој момент со него на оваа тема и за оваа иницијатива немам разговарано“, порача Димитриевски.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни