Новинарот Сунаи Сабриоски на својот Фејсбук профил посочи дека денескa, по повод 21-годишнината од Рамковниот договор, Владата на РСМ е најголемиот уредник на најголем дел од прилозите што ќе ги гледате.
„Си организираа настан без можност за новинарски прашања. Според премиерот нема прашања бидејќи ова му е битен настан како медиуми да го пренесеме. Иначе не се сеќирајте на камен темелникот лопати фрлија речиси сите владини луѓе, имаше и дрон. Му се смееја на Грујо М? И така, вие како сте? Лебот поскапе? Најтешка зима и остали флоскули“, пишува Сабриоски.
Тој ја повика јавноста вечер на забава кај Скендербег, бидејќи светлечко шоу ќе има!