Охридскиот мировен договор е меѓник во развојот на Република Северна Македонија, симбол на демократските стремежи и патоказ кон просперитетна иднина на нашата заедничка татковина.
Одбележувајќи ја годишнината од неговото потпишување, потсетуваме на големата обврска што тој ни ја остави – заедно да работиме на создавање демократска и функционална држава што сите кои живеат во неа ќе ја чувствуваме како своја. Со темелните промени кои ги правиме во образованието, младите ги насочуваме кон меѓусебно разбирање, толеранција и мултикултурализам, како темелни граѓански вредности.
Министерот за образование и наука Јетон Шаќири, упатувајќи честитка по повод овој голем датум, посочи и дека реформите, кои се прават во соработка со сите релевантни меѓународни организации и институции, ќе ја постигнат целта – нашите млади генерации, од одделение во одделение, постепено но континуирано, да се градат како индивидуи кои се солидарни, ги почитуваат различните од себе и работат на лична реализација не повредувајќи ги другите. Само ова е вистинскиот начин доколку сакаме нашата држава да ја поставиме на развој, раст и унапредување.