Македонија

ВНИМАВАЈТЕ: Изменет сообраќаен режим на влезот на Штип

ВНИМАВАЈТЕ: Изменет сообраќаен режим на влезот на Штип

Поради реконструкција на булеварот „Гоце Делчев”, кој е влез и излез на градот Штип, од денеска ќе има изменет сообраќаен режим.

Општина Штип соопшти дека од денеска па до завршување на градежните активности, булеварот „Гоце Делчев” ќе биде затворен за сообраќај на потегот од кружниот тек кај Хамачи, се до кружниот тек кај бензинската пумпа Лукоил при излез од Штип.

-Сообраќајот ќе биде регулиран, така што булеварот „Гоце Делчев“ за влез во Штип ќе биде двонасочен, стои во соопштението на Општина Штип.

Инаку, денеска увид во градежните работи изврши и министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ивана Петковска, Коалицијата „Сите за правично судење“ 17.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни