Свет

Уште две мртви тела пронајдени по поплавите во Квинсленд

Уште две тела извлечени од одводнатите води од страна на австралиските власти при чистењето по поплавите кои целосно ја погодија североисточната сојузна држава Квинсленд, соопшти полицијата.

– Телата ги најдовме околу пладне и веќе се идентификувани, се наведува во соопштението,

Во текот на вчерашниот ден евакуирани се 1.100 луѓе, а на улиците се забележани крокодили и змии.

Хидрометеоролозите предвидуваат и натаму дожд во таа област, а се очекува да расте и нивото на водата во реката Рос.

Австралија е погодена од катастрофални поплави, по високите температури што ја зафатија во овој период.

 

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни