Македонија

Место 24.3 отсто како што вели законот, дури 31,5 отсто Албанци ќе се вработат на државно – министерот Алити така си пресметал

Место 24.3 отсто како што вели законот, дури 31,5 отсто Албанци ќе се вработат на државно – министерот Алити така си пресметал

Во државните институции ќе се вработуваат 31,54 отсто Албанци, иако според бројките од последниот попис, Албанците се 24,3 отсто од резидентното население.

Оваа методологијата си ја усогласил самиот министер за информатичко општество и администрација (МИОА) Адмирим Алити, пишува СДК.мк.

До оваа бројка, како што пишува порталот, министерот си дошол додавајќи ги во пресметката бројките од нерезидентното население од последниот попис и плус си додал уште два отсто од 7-те отсто административно попишани.

Ваквата пресметка пак е спротивна на Законот за вработените во јавниот сектор, според кој распределбата на бројот на новите вработувања по припадност на заедница се прави според податоците од последниот попис на населението на територијата на земјата.

Според пописот, во Македонија живеат вкупно 58,44 отсто Македонци, 24,3 отсто Албанци, 3,86 отсто Турци, 2,53 отсто Роми, 1,3 отсто Срби, 0,87 отсто Бошњаци и 0,47 отсто Власи. Останатите 7,2 отсто, или 132.260 граѓани, се попишани од административни извори и тие не влегуваат во процентите на националности.

Во дијаспората се 66,36 отсто Албанци и 24,45 отсто Македонци, па кога ќе се соберат бројките од резидентното население во Македонија и самопопишаните македонски државјани во странство, 54,21 отсто се Македонци, 29,52 отсто се Албанци, 3,98 отсто се Турци, 2,34 отсто се Роми, 1,18 отсто се Срби, 0,87 отсто се Бошњаци и 0,44 отсто се Власи.

Инаку, Законот за вработените во јавниот сектор предвидува механизам за распределба на новите вработувања со соодветна и правична застапеност на припадниците на заедниците, на ниво на секоја од институциите во јавниот сектор, а врз основа на потребите на самите институции изразени преку Годишни планови за вработување.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни