Свет

Штрајк на вработените во јавната администрација во Франција, бараат зголемување на платите

Ширум Франција по повик на Левичарската Генерална конфедерација на трудот (ЦГТ),  се одржа штрајк на вработените во јавната администрација.

Штрајкот беше организиран под слоганот „Социјална ургентност“, а во повеќе француски градови се одржаа и синдикални протести.

Само во Париз на протсетите присуствуваа неколку илјади демонстранти, а слично собири се одржаа и во триесетина други француски градови.

Штрајкот резултираше со застои во јавниот градски превоз и во железничкиот сообраќај, но немаше блокада на улиците. Воздушниот сообраќај исто така беше нарушен, поради штрајкот на парискиот аеродром.

Поради приклучување кон штрајкот на наставници, професори и на вработени во образовните институции, имаше прекини и во наставата.

Како резултат на штрајкот, Ајфеловата кула денеска беше затворена за постители.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни