Центарот за управување со кризи информира дека вчера на територија на Општина Неготино имало силно невреме проследено со силен ветер и поројни врнежи од дожд, а направени се и штети како паднати дрва, кровови од куќи и гаражи, паднати бандери, паднати фолии на земјоделци, и слично.
За санирање на штети на терен биле ангажирани 13 пожарникари со 3 ПП возила од ТППЕ Неготино и 6 пожарникари со 2ПП возило и 2 пумпи за испумпување на вода од ТППЕ Кавадарци.
Активностите на екипите се завршени до 23.00 часот.