Македонија

ФОТО: Владата бара да штедиме, а уличното осветлување вклучено и преку ден

ФОТО: Владата бара да штедиме, а уличното осветлување вклучено и преку ден

Владата вчера објави мерки како да се штеди електрична енергија поради тешката зима која ни претстои. Меѓу другото, во препораките за домажинствата се вели граѓаните да користат скали, наместо лифт, да се тушираат со помал млаз на вода, а да готват во помали тенџериња.

И додека јавноста се исмева со мерките, дури и иронично се споделуваат на друштвените мрежи, само една прошета во вашата околина ќе забележите дека и не толку се штеди таму каде што треба.

На пример низ Скопје голем дел од уличното осветлување е вклучено и преку ден, како на фотографијата која денеска ја направивме во една градинка во Скопје.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни