Македонија

Министерот Сали во посета на дебарската болница

Министерот Сали во посета на дебарската болница

Министерот за здравство Белим Сали ја посети Општата болница со проширена дејност во Дебар, која здравствени услуги нуди и за жителите од Општина Центар Жупа, а по потреба и за оние од долнореканскиот крај, Општина Маврово и Ростуше.

За посетата тој информираше преку објава на Фејсбук, во која наведува дека на оваа здравствена установа и се потребни инвестиции во опрема но и кадар.

-Имав прилика да ја посетам дебарската болница. Најпрво морам да му се заблагодарам на медицинскиот персонал, кој дава се од себе за да биде на услуга на граѓаните и нивните потреби. Болницата во Дебар веќе подолго време се соочува со недостиг на инвестиции, како во кадровско планирање, така и во професионална опрема, напиша Сали.

Додава дека во разговорот со пациентите, лекарите и персоналот на оваа болница, констатирале дека на болницата во Дебар и се потребни инвестиции во опрема и кадар за да се обезбедат најквалитетни здравствени услуги.

Болницата во континутет се соочува со недостиг пред се на лекари специјалисти. Неодамна се пензионираа неколу, а се очекува за неколку месеци во пензија да заминат и други лекари. Во меѓувреме најмалку седум лекари се на специјалзација по разни медицински гранки на клинките во Скопје.

По пензонирањето на досегашниот директор Баки Алили, познат специјалист за уво, грло и нос, вршител на должноста е педијатарот Севдие Коџа.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни