Македонија

Агенцијата за млади и спорт со владина поддршка ја презема организацијата на Охридскиот маратон

Агенцијата за млади и спорт со владина поддршка ја презема организацијата на Охридскиот маратон

Годинава е 60 годишниот јубилеј на Охридскиот маратон.

Како традиција, која Охрид и државата ги става во центарот на светската спортска мапа, Агенцијата за млади и спорт, заедно со Владата Република Северна Македонија, заедно со Агенцијата за млади и спорт и сите надлежни институции, нема да дозволат овој познат, реномиран и светски признаен пливачки маратон да прекине и ќе ја преземе организацијата за одржување на маратонот.

И годинава, Охридскиот маратон во водите на Охридското езеро ќе ги пречека сите пријавени учесници и ќе продолжи да биде атракција како за вљубениците во спортот, така и за граѓаните на Охрид и за сите туристи кои наменски доаѓаат токму за да го проследат овој голем спортски настан.

Повеќе детали за одржувањето на Охридскиот маратон, директорот на Агенцијата за млади и спорт, Наумче Мојсовски ќе соопшти утре, петок, 19 август, која ќе се одржи во 10.00 часот во просториите на општината Охрид.
Ги покануваме сите медиуми да ја проследат прес конференцијата.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни