Македонија

Вработени во СОЗР за хотелско сместување биле пријавени како новинари – ДКСК смета дека има елементи што упатуваат на повреда на Кодексот за етичко однесување на членови

Меѓу предметите за кои денеска расправаше ДКСК беше и анонимна пријава против директорот на Службата за општи и заеднички работи (СОЗР) за злоупотреба на средства и ресурси при организација и посета на настан во јануари во Бугарија за заедничката седница на владите на Македонија и Бугарија.

На предлог на Владимир Георгиев, член и потпретседател на ДКСК, беше заклучено пријавата заедно со наводите и документите што ги прибрала ДКСК при постапувањето да се проследат до вицепремиерката задолжена за политики за добро владеење Славица Грковска зашто, како што рече, има елементи што упатуваат на повреда на Кодексот за етичко однесување на членови на Владата.

СОЗР во соработка со МНР била задолжена за координација на превоз на новинари и сместување за наведениот настан. Според пријавата, вработени во СОЗР за хотелско сместување биле пријавени како новинари. Во пријавата против директорот на СОЗР имало и други наводи за можни злоупотреби за други патувања во странство и користење службени возила за приватни цели.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни