Македонија

Избувна пожар во фабрика во индустриската зона во Штип – пожарникарите и брзата помош на терен

Избувна пожар во фабрика во индустриската зона во Штип – пожарникарите и брзата помош на терен

Избувна пожар утринава во фабрика во индустриската зона во Штип.

На терен излегла противпожарната екипа со две возила и 4 пожарникари.

ТППЕ Штип информира дека добиле пријава околу 10 часот, а пожарот бил целосно изгасен околу 11 часот.

Запалена била печка, а зафатена била и кровната конструкција.

Според информациите, на терен излегла и брзата помош од каде не сакале да коментираат дали има повредени лица и за каква интервенција станува збор.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни