Македонија

Тешка сообраќајна несреќа во Кичево – едно лице загина

На 19.08.2022 во 18.15  часот било пријавено дека  во Кичево на ул.“Кузман Јосифоски-Питу“ патничко моторно возило “туран“ со кичевски регистарски ознаки управувано од М.С.(20) од Кичево удрило во Д.Ц.(79) од Кичево, а потоа во паркирано патничко моторно возило “ауди“ со кичевски регистарски ознаки паркирано од П.З.(27) од Кичево.

Во несреќата на местото на настанот починала Д.Ц. а смрт била констатирана од страна на лекар од Итна медицинска помош.

Извршен бил увид од Јавен обвинител и увидна екипа од Полициската станица Кичево.  

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни