Македонија

Почина уште едно лице – трета жртва во страшната сообраќајна несреќа кај Зајас

Почина уште едно лице – трета жртва во страшната сообраќајна несреќа кај Зајас
Денеска на магистралниот пат Гостивар -Кичево кај кичевското село Зајас, се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно моторно возило „мерцедес“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од М.И.(58) и патнички автомобил „голф“ со тетовски регистарски ознаки, управуван од А.И.(78), двајцата од Тетово. На местото на несреќата, на повредите им подлегнала Т.В.(54) од Тетово додека во амбулантно возило, на пат кон Ургентниот центар во Скопје, починала С.Ц.(75) од Тетово, двете сопатнички во второто возило. Според информациите на 4news.mk, има и трета жртва во оваа сообраќајка. Се работи за возачот на патничкиот автомобил „голф“. Инаку, по наредба на јавен обвинител, врз телата на починатите ќе се изврши обдукција, а увид на местото на незгодата извршија јавен обвинител и полициски екипи.
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни