Македонија

МД „Илинден”-Тирана бара преземање итни мерки од албанската и македонската влада за спас на Преспанското Езеро

Македонското друштво „Илинден”-Тирана бара итна средба на претставници од албанската и македонската влада со цел преземање итни мерки за спас на Преспанското Езеро.

– Актуелната состојба со Преспанското Езеро бара итно преземање мерки бидејќи езерото е на чекор до еколошка катастрофа. Тоа е едно од најстарите сочувани тектонски езера во светот, споменик на природата и дом на 1.500 ендемски видови животни. Но, според последната состојба, езерото на одредени места е повлечено и до 300 метри од брегот, стои во соопштението на „Илинден”.

Се оценува дека алармантната состојба со недостиг на вода засекогаш ќе го нарушат и уништат екосистемот на Преспанското Езеро.

-Значењето на Езерото е огромно и за Македонците од областа Мала Преспа кои егзистенцијално се поврзани со Преспанското Езеро. Економските импликации по населението кое живее околу езерото се катастрофални, страда земјоделието, риболовот и туризмот, наведува друштвото.

Согледувајќи ги последиците, сметаат од друштвото, итно треба да преземат мерки за санирање на незавидната состојба на Преспанското Езеро.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ивана Петковска, Коалицијата „Сите за правично судење“ 17.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни