Македонија

НЕПЛАТЕНИ СМЕТКИ: ЕВН им ја исклучи струјатa на Опера и Балет

НЕПЛАТЕНИ СМЕТКИ: ЕВН им ја исклучи струјатa на Опера и Балет

Институција за сценско музичка дејност – Националната опера и балет е во мрак, односно со исклучена струја, јавува Телма.

Засега не е познато колку точно изнесува долгот, но во објектот во моментот не се изведуваат проби поради колективен одмор.

Од Опера и балет за телевизијата посочиле дека исклучувањето на електричната енергија е од четвртокот (18.08), по налог на ЕДС, од ЕВН Македонија.

Инаку, блокирана е и сметката на Националната опера и балет поради извршното решение за наплата на долг стар речиси десет години во висина од 4,1 милион денари или 60 илјади евра.

Нема опасност вработените да останат без своите плати бидејќи нив ги иплаќа министерството за култура.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ивана Петковска, Коалицијата „Сите за правично судење“ 17.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни