Македонија

Д-р Ирина Бухова повеќе не е директорка на ДСЗИ

Д-р Ирина Бухова повеќе не е директорка на ДСЗИ

Досегашната директорка на Државниот санитарен и здравствен инспекторат, д-р Ирина Бухова нема повеќе да ја врши функцијата, дознава Фактор. Нејзиниот мандат истекол уште на 5-ти април годинава, но досега се бараше нејзина замена.

„Одредени структури во Министерството за здравство добија „партиска задача“ да најдат замена, уште во април откако и заврши мандатот“, велат изворите на Фактор.

Бухова за Фактор ја потврди информацијата дека и изјави дека самата побарала да именуваат нов директор.

Уште не се знае кој ќе биде нејзиниот наследник, односно кој ќе биде новиот директор на ДСЗИ.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни