Од Регионалниот центар за управување со кризи РЦУК Прилеп сме известени дека дождот престана, а дека водата во поплавените населени места се повлекува
Поголем дел од Општина Долнени се без електрична енергија, но не поради дефект туку превентивно е исклучена струјата за да заштитат луѓето и мрежата.
Екипи од ЕВН се на терен и ја следат ситуацијата. Екипата од ТППЕ Прилеп работела на испумпување на вода од подрум во маркет во с. Лажани.
До овој момент нема ниту повредени ниту настрадани.