Јак звук на два хеликоптери вечерва ги вознемири жителите на Центар, Кисела Вода… Тие до нашата редакција испратија видео снимки и поплади дека биле вознемирени.
Во моментов како што дознава 4NEWS.mk неофицијално, станува збор за редовен тренажен ноќен лет.
Чуму е потребен низок прелет на армиските хеликоптери? Скоро е полноќ, нели може да се изведе друга маршута,која нема да го вознемири цело Скопје?
Ајде она пардирање на пладне денес беше можеби малку симпатично, а сега не гледам причина зошто мора да прелета баш над центар ?!?— AndreJJski (@JurukMijak) August 22, 2022
Можеби надлежните во иднина би требало да ги најавуваат ноќните летови за да граѓаните не се вознемируваат.
Денеска во текот на денот два американски бомбардери го надлетаа Скопје. Но нивниот лет беше претходно најавен.