Македонија

СДСМ: Ниту збор од Арсовска за проектите кои им ги вети на скопјани, а не ги направи

Градоначалничката на ВМРО-ДПМНЕ во Скопје по подолго време денеска се појави пред јавноста.
Но, Аровска не кажа ниту збор за проектите кои им ги вети на скопјани а не ги реализираше.
Каде е бесплатниот превоз?  Каде се 250 нови автобуси?
Зошто проектите важни за скопјани и започнати пред неколку години се уште стојат недовршени, како мостот во Аеродром, клучката кај Момин поток но и многу други?
Дали Христијан Мицкоски стои зад ова и намерно ги кочи сите започнати проекти за свои бизнис интереси?
Поминаа 10 месеци а градоначалничката на ВМРО-ДПМНЕ нема реализирано ништо од она што беше ветувано пред граѓаните на Скопје.

Центар за комуникации со јавноста на СДСМ 

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ивана Петковска, Коалицијата „Сите за правично судење“ 17.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни