Секое прваче во општина Могила ќе добие по 3000 денари и пакет училишен прибор.
Ваков предлог стигнал од градоначалникот Драганчо Саботковски, а со одлука на Советот на општина Могила е обезбедена финансиска помош од 3000 денари и пакет училишен прибор за секое прваче во општина Могила.
„Овој проект, има за цел да им овозможи финансискa помош на сите семејства кои годинава имаат прваче, воедно ќе обезбедиме помош и прибор за сите деца чии родители се приматели на социјална помош и за сите деца со попреченост кои учат во основните училишта во нашата општина. Обезбедување поквалитетно образование за сите деца е еден од нашите приоритети“, пишува градоначалникот.