Македонија

Се работи на расчистување на најкритичниот дел кај с.Мала Речица – се очекува помош, страв од целосно уништување на коловозот

Се работи на расчистување на најкритичниот дел кај с.Мала Речица – се очекува помош, страв од целосно уништување на коловозот

Центарот за управување со кризи информира дека од утринава, еден багер и еден камион, што се ангажирани од страна на ДЗС Тетово, работаат на расчистување на најкритичниот дел кај с.Мала Речица.

На местото се уште има наноси од земја, камења, дрвја и кал.

Се очекува на помош да пристигне и уште еден багер од ЈКП Тетово, бидејќи се стравува дека може да дојде до целосно уништување на коловозот, како и загрозување на луѓето што живеат во непосредна близина.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни