Поројни дождови го зафатија вечерва градот Кавадарци, пожарникарите испумпуваат вода од неколку критични места.
Оттаму засега не можеа да кажат повеќе детали за последиците од невремето.
-Од УХМР известуваат дека невремето со поинтензивен пороен дожд, електрични празнења и засилен ветер од источните делови од Македонија се придвижува кон западните делови и се очекува да ги зафати Тиквешијата и Пелагонија, а подоцна во вечерните часови и делови од Скопската котлина ќе бидат зафатени од невреме со пороен дожд, силни електрични празнења, силен ветер и можна појава на град, известија вечерва од ЦУК.
Кавадарци и Неготино беа општините кои и пред неколку дена беа зафатени од невреме. Во Кавадарци имаше поплавени подрумски простории, а во Неготино неколку куќи беа со оштетени кровови, имаше паднати дрвја и некое време беше блокиран патот Дуброво-Војшанци.